Primed 7 Tiromed
На база на мед и екстракт од зелени ореви.
PRIMED 7 Tiromed е природен препарат, направен по проверена рецептура, на база на мед и екстракт од зелени ореви. Не содржи вештачки бои, конзерванси и други адитиви.
Употребата на PRIMED 7 препаратот се препорачува во случај на потреба за надоместување на јод, посебно кај лицата со ослабена функција на штитната жлезда.
Возрасните и децата постари од 15 години: Да земаат 1x дневно по една лажичка, половина час пред или 2 часа по оброк.
Природниот состав на препаратот обезбедува добра апсорпција и искористеност на активните состојки. Со секојдневна употреба на PRIMED 7 препаратот се обезбедува оптимален дневен внес на јод. Благотворно делува на симптомите кои ја следат намалената функција на штитната жлезда, како дополнување на основната терапија.
PRIMED 7 не е замена за лек и за пропишанатахормонска супституциона терапија на хипотиреоидизмот.
Препаратот не смеат да го користат лица пречувствителни на состојките на препаратот и дијабетичари типа 1.
PRIMED 7 можете да го користите паралелно со пропишанататерапија, одвоено 2-3 часа одземањето на другите препарати или лекови.
Во врска со користењето на препаратот во текот на бременоста и периодот на доење консултирајте се со својотгинеколог.
До сега не се забележани несакани реакции или интеракции со другите препарати или лекови, во текот на примената на препаратот во препорачаната дневна доза.